Путин нареди повлекување на руската војска од границата со Украина
Рускиот претседател Владимир Путин и нареди на војската да се повлече во базите по неколкумесечните воени вежби во регионот Ростов, во близина на границата со Украина, објави Кремљ.
До повлекувањето на војската доаѓа во пресрет на закажаната средба на Путин со украинскиот претседател Петро Порошенко во Милано следната недела.
Според портпаролот на Кремљ Димитриј Песков, Путин се сретнал со министерот за одбрана Сергеј Шојгу и наредил повлекување на војската по летните воени вежби.
„Станува збор за околу 17.600 војници кои изведуваа вежбовни активности во регионот на Ростов“, појасни Песков.
Слично
