ПУТИН НАРЕДИ НА СЕКОЈ БЕГАЛЕЦ ОД ДОЊЕЦК И ЛУГАНСК ДА ДОБИЕ ПО 10.000 РУБЉИ: Луѓето со автобуси масовно пристигнуваат во регионот на Ростов
Портпаролот на
Кремљ, Димитри Песков, изјави дека претседателот Владимир Путин си презел обврска
да плати по 10.000 рубљи, односно околу 115 евра на секој бегалец што ќе
пристигне во Русија од Донбас или Луганск.
Ова се однесува на цивилите од истокот на Украина, кои масовно пристигнуваат во градовите и прифатните центри низ регионот на Ростов.
Ангажирана е и руската национална гарда да им помага на цивилите од Доњецката Народна Република и Луганската Народна Република.
Лидерите на ДНР и ЛНР донесеа одлука сите цивили, пред се жени, деца, стари лица и оние чие присуство е непотребно, да се евакуираат во Русија, а останатите да земат оружје бидејќи се очекува напад од Украина.
Од друга страна, Западот, а пред се државниот секретар на САД Ентони Блинкен, акцијата за евакуација на цивили ја нарече лажна операција на Москва и оправдување за инвазијата на Украина.
