Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин нареди истрага за експлозијата на мостот на Крим

Путин нареди истрага за експлозијата на мостот на Крим

Русија отвара истрага за најновите случувања на мостот на Крим. Експлозија и пожар утрово го оштетија Кримскиот мост, што ги поврзува Русија и окупираниот Кримски Полуостров. Властите во Москва велат дека се работи за бомбашки напад со камион – бомба, а висок соработник на претседателот на Украина сугерираше дека е нов удар од Киев.

Рускиот претседател Владимир Путин наредил официјална истрага за инцидентот со мостот, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, пренесе Интерфакс.

Русија во саботата соопшти дека загинале три лица кои биле во автомобил во близина.

Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, на социјалната мрежа Твитер напиша твит во кој сугерираше вмешаност на Украина. Тој го нарече инцидентот на мостот „почеток“.

Руското МНР ги обвини Украинците за тероризам. Кримскиот мост е најдолгиот во Европа.

Претставник на украинската влада кој сакаше да остане анонимен изјави за „Вашингтон пост“ дека украинските специјални служби стојат зад нападот на мостот на Крим.

Руското Министерство за транспорт соопшти дека веќе е укинато ограничувањето за движење на автомобили и автобуси по коловозните ленти на мостот на Крим кои не беа погодени од експлозијата рано утринава.

Слично

Поврзани вести