Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин нареди да им се исплатат пари на семејствата со деца од окупираните украински територии

Путин нареди да им се исплатат пари на семејствата со деца од окупираните украински територии

Русија ќе им помогне финансиски на семејствата од окупираните територии во Украина. 

Рускиот претседател Владимир Путин нареди денеска да им се исплатат по 10.000 рубљи (околу 167 евра) на семејствата со деца на окупираните украински територии.

Како што соопшти Кремљ, парите се за  семејства со деца на возраст од 6 до 18 години кои живеат во регионите Запорожје, Харков и Керсон, како и во самопрогласените Народна Република Доњецк и Народна Република Луганск. Семејствата чии деца одат на училиште  треба да ги добијат парите до 15 септември.

Русија на луѓето од окупираните украински територии им нуди руски пасоши и државјанства. Русија на 24 февруари, пред шест месеци ја почна инвазијата на Украина. 

Слично

Поврзани вести