Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин направи ризичен потег за заобиколување на западните санкции

Путин направи ризичен потег за заобиколување на западните санкции

Русија најде начин да ги заобиколи западните санкции и да привлече сериозен капитал од Европа и САД.

Москва се подготвува да пушти обврзници за 3 милијарди долари со рок на отплата на 10 години, се планира користење на услуги не само на кинески банки, но исто така и на европски и американски.

Бидејќи санкциите не забрануваат банките да одржуваат аукции за обврзници, руската влада може да добие на таков начин парични средства од нив наведува весникот „Велт“.

Весникот пишува дека тоа е многу ризичен потег, кој генерално се сведува на стратегијата „сè или ништо“.

Но ако стапката на Путин се круниса со успех, тогаш за Европа и САД тоа ќе е „политичко фијаско“.

Така Русија ќе може да покаже дека санкциите де факто не играат никаква улога и дека Западот нема никакви шанси за притисок.

„Велт“ додава дека иако САД ги молат банките да не го прифатат овој предлог на Москва, некои од нив веќе изразуваат подготвеност да купат обврзници.

„Волстрит журнал“ објави дека властите во САД им препорачале на неколку големи американски банки да се воздржат од купување на руски државни обврзници.

Слично

Поврзани вести