Путин наложи оние кои нема да земат руско државјанство во окупираните региони, да бидат депортирани
Русија ќе ги депортира жителите на анектираните украински области кои ќе одбијат руско државјанство.
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша извршна наредба која ќе им овозможи на руските власти да ги депортираат луѓето кои одбиваат руско државјанство од анектираните територии на Украина, објави рускиот независен медиум Медуза.
Оние кои живеат во анектираните територии на Украина Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје можат да започнат со процесот на стекнување руско државјанство или легализација на статусот. Се олеснува патот до руско државјанство, но, во актот стои и дека оние кои нема да го започнат тој процес до 1 јули 2024 година ќе се сметаат за странски државјани, што значи дека Русија би можела да ги депортира од споменатите окупирани територии. И претходно, странските медиуми пренесоа дека во градот Мариупол кој е под контрола на Русите, жителите биле принудувани да земат руско државјанство за да можат да работат или да примаат пензија.
