Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин: На Русија и нема рамни за многу системи на вооружување

Путин: На Русија и нема рамни за многу системи на вооружување

Рускиот претседател Владимир Путин ја пофали моќта на руската армија која даде значаен придонес во нанесувањето на конечниот пораз на терористичките групи кои предизвикаа тешки злосторства во Сирија. Токму на конференцијата за мир во Сирија организирана од руската држава во Сочи каде не присуствуваа бунтовничките групи насочени против Башр ал Асад, рускиот претседател ги упати сите пофалби за моќната руска армија која според него и нема рамни. 

Освен тоа, операцијата ја покажала „традиционалната сигурност и ефективност на руското оружје“.

- Во голем број системи за вооружување Русија нема рамни на себе, но за да се задржи светското лидерство во сферата на вооружувањето треба постојано и напорно да се работи, да сме чекор напред, а не да храниме илузии, истакна Путин.

Тој цитираше податоци на Министерството за одбрана, според кои во Сирија биле користени „215 современи и перспективни видови оружје“ кои генерално ги потврдиле нивните „високи функции“.

Путин истакна дека со позитивни резултати бил и првиот обид за примена во борба на прецизно оружје со голем дострел со воздушна и морска база. Тој прецизира дека главно се работи за ракетите „Калибар“ и помалку познатите ракети „Х-101“ (се изговара Ха-101). Путин, исто така, потсети и за дебито во воени услови на авионите од руската стратешка авијација.


Слично

Поврзани вести