Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин: На крај сите ќе танцуваат на „Бариња“ или во најмала рака на казачок

Путин: На крај сите ќе танцуваат на „Бариња“ или во најмала рака на казачок

Рускиот претседател Владимир Путин ја коментира изјавата на американскиот државен секретар Антони Блинкен, кој во контекст на темата на преговорите меѓу Москва и Киев рече дека „за танго се потребни двајца“.

„Тангото, се разбира, е добро. Но, мислам дека за Украина е важно да не го заборави хопакот (украински народен танц). Ова е важно. Во спротивно, тие секогаш ќе танцуваат на туѓа музика и на туѓа мелодија. А на крај сите ќе танцуваат на „Бариња“ (руска народна песна), или, во најмала рака, на казачок“, рече Путин.

Белорускиот лидер Александар Лукашенко го поддржа метафоричниот говор на Путин во изразувањето на своето мислење за напредокот на преговарачкиот процес со Украина. 

„Се чини дека тие веќе почнаа да танцуваат. Во Белорусија се одржаа три рунди преговори, а потоа Блинкен и (секретарот за одбрана на САД Лојд) Остин му дадоа команда на Зеленски и тој ги забрани преговорите. Фактите се на маса, фактите се очигледни, затоа нема смисла да се префрла нешто некому“, рече тој.

Руската инвазија почна лани при крајот на февруари, но Украина не сака да прави компримис за територии и најави враќање на Крим. 

foto EPA

Слично

Поврзани вести