ПУТИН на годишна конференција: Двојник? Немам двојници. Што ќе ми се?
Претседателот на Русија, Владимир Путин ги демантираше шпекулациите дека има двојници.
По годишна конференција, кога веќе беше слегол од трибината и тргнал кон излезот, новинари го застанаа Путин со неочекувано прашање дали знае дека има двојник.
Рускиот претседател се свртел и рекол: "Каков двојник? Немам двојници. Што ќе ми се?"
Тогаш новинарите му дале слика на човек кој навистина многу личи на него.
Путин се насмевнал, ја зел сликата и отишол зад сцената, пишува Интерфакс.
На обраќањето на годишната конференција Путин изјави дека не гледа изгледи за подобрување на односите со раководството на Турција по соборувањето на рускиот воен авион во ноември.
урскиот народ и другите турскојазични народи остануваат партнери и пријатели на Русија, но со актуелното раководство на Турција е практично невозможно да се договориме, изјави Путин на годишната конференција.
Дури ... кога велиме:" Да, се согласуваме ", тие ни нанесуваат удар отстрана или во грбот, при апсолутно несфатливи причини", објасни Путин.
Рускиот лидер појасни дека не гледа перспективи за решавање на односите со турското раководство на меѓудржавно ниво. Но и на хуманитарно ниво во неговите зборови Русија ќе биде принудена да презема одредени рестриктивни мерки во економијата.
"Притајна исламизација - таа исто така не иритира. Ние гледаме, регистрираме дека во Турција се наоѓаат бунтовници однадвор, на пример од Северен Кавказ. Многу пати им велевме на нашите партнери: Ние не правиме така во однос на Турција. Не, тие седат таму ,ги лекуваат и чуваат нив. Потоа тие го користат безвизниот влез, влегуваат со турски пасоши и се шират", рече Путин.
Путин претпостави дека инцидентот со рускиот авион над територијата на Сирија можеби е резултат од тоа дека некој од турското раководство одлучи "да ги лиже Американците на едно место", пренесоа агенциите.
"Запрашавте дали таму можеби има некоја трета страна. Во разбирам . Ние не го знаеме тоа, но ако некој во турското раководство одлучи да ги лиже Американците на едно место, не знам дали тие постапиле правилно или не - рекол рускиот претседател. - Прво, не знам дали тоа им е потребно на Американците или не - можеби имало аранжмани на некое ниво "Ние ќе го отфрлиме рускиот авион, а вие ќе си ги затворите очите" или "Ние ќе влеземе, да речеме, на територијата на Ирак и ќе окупираме делови од Ирак ". Не знам, може и да имало таква размена, тоа не ни е познато", изјавил Путин.
Тој ги опишал активностите на Анкара во однос на рускиот авион како непријателски. "Сметаме дека активностите на турските власти во однос на нашиот авион, кој тие го соборија- се непријателски чин - изјавил Путин. - Соборија наш воен авион, наши луѓе загинаа".
Според Путин Турција веднаш почнала да се прикрива со НАТО. "И зошто достапните канали, по телефон не информираа за точи делови од границата, за опасност, а веднаш го соборија авионот. И што освоија? Мислеле дека ние ќе избегаме оттаму. Не, се разбира! Русија не е таква земја", посочил Путин.
Владимир Путин ја одржува својата традиционална годишна прес-конференција, која е 11-та по ред. На прес-конференцијата се акредитирани 1390 руски и странски новинари.
