Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин на ЕУ: Немате алтернатива!

Путин на ЕУ: Немате алтернатива!

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не очекува европските земји да престанат да купуваат природен гас од Русија, бидејќи немаат реална алтернатива.

Можете ли да замислите дека тоа ќе се случи по желба на нашите партнери во Европа? Едвај можам да го замислам тоа“, рекол Путин во текот на состанокот со руските и странските политички експерти во Сочи, пренесеува Ројтерс.

Европската унија, како што потсетува британската агенција, неодамна изразила загриженост поради потенцијалниот прекин во испораките на гас кој оди преку територијата на Украина, поради што изразила желба за диверзификување на испораката.

Путин, исто така, изразил надеж дека наредните недели ќе биде постигнат гасен договор, со што ќе биде завршен долгогодишниот спор межу Киев и Москва која ја запре испораката на гас за Украина.

Слично

Поврзани вести