ПУТИН МУ ПОМАГА НА ВАШИНГТОН ДА ГО СРАМНИ СО ЗЕМЈА ЦЕЛ СВЕТ: Чомски предупреди - следните чекори на САД се апокалиптични
Американскиот филозоф, Ноам Чомски објасни како Америка ја користи војната во Украина за да ја зголеми цената на фосилните горива и да ја избегне најавената транзиција кон одржлива енергија која би ја спасила загадената планета. Според него, тоа е увертира за нуклеарна катастрофа која ќе ја уништи нашата цивилизација.
Во неодамнешното обраќање преку Скајп на дискусија посветена на сончевата енергија,Чомски искажа многу вознемирувачки ставови и мислења, шокирајќи ги присутните. Доколку неговите предвидувања се точни, ни претстои мрачен период кој може да доведе до целосно уништување на цивилизацијата, а поттик за се, според него, е токму конфликтот во Украина.
Кампања за уништување на животот на земјата
„Се наоѓаме во единствен момент во човечката историја. Мерките што мора да ги преземеме сега ќе го дефинираат нашиот пат кон иднината, тоа се мерки за да се избегне катаклизма. Главната криза моментално се случува во Вашингтон, центарот на најмоќната сила во светот. Она што се случува во Вашингтон влијае на целата планета. Нешто многу ризично се случува во Вашингтон. Како што можеше да се прочита, иако меѓу редови, во неодамнешната статија во Њујорк Тајмс, постои долгорочна, организирана кампања за уништување на животот на земјата. Ова е опасен коментар за кој нема да се извинам бидејќи е целосно вистинит. Кампањата е насочена кон светскиот енергетски систем. Станува збор за сложен систем во кој производители на фосилни горива, банки и други финансиски институции, правни институции и други делови од естаблишментот се вклучени“, објасни Чомски, а за тимот ја прошири приказната пренесувајќи ја на глобално ниво.
„Постои и
меѓународен огранок на Вашингтон наречен НАТО. Малку е познато дека по Втората
светска војна оваа алијанса ја презеде мисијата за следење на светските
нафтоводи и рути за транспорт на нафта и гас. Ова конкретно се однесува на
контролата на танкери, но и други видови транспорт кои се клучни за светскиот
енергетски систем. Вашингтон ќе ја искористи криминалната инвазија на Путин врз
Украина за да ги подигне цените на енергенсите ширум светот и со тоа целата
приказна, која толку гласно се најавуваше, за нула емисии на јаглен, гас и
нафта, за да се намали загадувањето на планетата и да се запре глобалното
затоплување, паѓа во вода. Еуфоријата во канцелариите на директорите на
нафтените компании може да се спореди само со онаа во канцелариите на трговците
со оружје. Војната во Украина и стравот од недостиг на енергија, кој се рашири
низ светот преку контролираните медиуми, ќе послужи како изговор за
продолжување на загадувањето на планетата, што само ќе го забрза неизбежниот
крај на човештвото како што го познававме до сега. Истурањето отров во
атмосферата ќе продолжи со благослов на најголемата светска сила, која требаше
да го спречи“, тврди Чомски.
