Путин му испрати новогодишна честитка на Обама
Рускиот претседатек, Владимир Путин, во новогодишна честитка до својот колега, американскиот претседател Барак Обама, порачал дека Москва и Вашингтон ја делат одговорноста за мир во светот, а за нивните билатерални односи треба да се почитува рамноправноста.
Кремљ денес објави десетина новогодишни пораки упатени кон шефовите на држави и меѓународните организации како што е Олимпискиот комитет и ФИФА, пренесува „АП“.
Укажувајќи на престојната седумдесетгодишница од сојузничката победа во Втората светска војна, Путин истакнал дека таа треба да послужи како потсетник на „одговорноста која Русија и САД ја сносат за одржување на мирот и меѓународната стабилност“.
Москва се залага за унапредување на односите, но само доколку постои „рамноправност и взаемно почитување“.
Како што напоменува „АП“, на списокот адреси за новоготишна честитка не се нашла онаа на претседателот на Украина, Петро Порошенко.
Слично
