Путин: Можам да го освојам Киев за две недели!
„Кога навистина би планирал воена операција во Украина, би ми биле доволни само две недели за да го освојам Киев“, рекол рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со претседателот на Европската комисија во заминување Жозе Мануел Баросо.
Притоа, Путин потенцирал оти не планира оружена операција на истокот на Украина, но и додал дека „руските сили се подготвени да се спротивстават на секаква агресија“.
Претходно, гостувајќи на една руска телевијз, Путин ја обвини Европа дека ги игнорира акциите на украинската војска во кои се пука на цивили.
„Украинската војска во источните делови на земјата на нишан има цели населби, а европските земји тоа како да не сакаат да го забележат“. рече Путин.
Слично
