ПУТИН МОЛЧИ, БАЈДЕН СЕ ЈАВИ ПО РАЗГОВОРОТ: Спремни сме за санкции, разговор, но и други сценарија
Белата куќа соопшти дека американскиот и рускиот претседател, Џо Бајден и Владимир Путин телефонски разговарале за кризата околу Украина. Бајден по разговорот изјави дека ако Русија ја нападна Украина, САД заедно со сојузниците и партнерите ќе одговори со санкции против Москва.
– Ако Русија преземе понатамошна инвазија врз Украина, САД заедно со сојузниците одлучно ќе одговори и ќе воведе брзи и тешки санкции против Русија, истакна Бајден.
Тој повтори дека руската инвазија врз Украина ќе предизвика страдање и ќе го намали угледот на Русија. Бајден додаде дека кризата може да се реши по дипломатски пат, во целосна координација со сојузниците и партнерите, како и дека се подготвени и некои други сценарија.
Кремљ се уште нема објавено детали од речиси едночасовниот телефонски разговор Путин – БајденНа разговорот Бајден – Путин му претходеа разговорите помеѓу американските и руските министри за надворешни работи и за одбрана.
Путин за Украина денеска имаше телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, а Бајден синожа одржа виртуелен разговор со сојузниците од НАТО и од Европска Унија.
Фото: EPA/SERGEY GUNEEV / SPUTNIK / KREMLI