ПУТИН: Мое е терористите да ги испратам кај Бог, па тој нека одлучи што ќе прави со нив!
Бог може да им простува на терористите, а мое е да ги испратам кај него, порачува рускиот претседател Владимир Путин.
Реми Малуф, новинар и водител на каналот Русија денес, ја објави на твитер оваа Путинова изјава откако е потврдено дека рускиот ербас над Египет е урнат со помош на бомба.
После тоа дојде до крвави напади во Париз, па францускиот претседател Оланд порача дека „Исламска држава“ е „најголемата фабрика на терористи досега“.
Следеа координирани удари на воздушните сили на Русија и Франција во Рака и други исламски локации во кои се убиени 33 џихадисти во последните 72 часа.
И на Барак Обама американските новинари му упатиле бројни незгодни прашања.
„Зошто САД, земја со најголема војска на светот и пружа поддршка на секоја друга земја кога се работи за борба против Исламска држава, а сама не може да ги среди тие гадови“, го запрашал новинар.
Коалицијата под водство на САД наведува дека во последните месец дена погодила 175 цели на ИСИС, поврзани со производство, превоз и препордажба на нафта, еден од главните извори на финансии за милитантите.
Обама најавува продолжение на досегашната стратегија, „која ќе оствари резултатие, но за тоа е потребно време“.
