Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин: Миграциската криза во Европа е очекувана и е предизвикана од САД

Путин: Миграциската криза во Европа е очекувана и е предизвикана од САД

Рускиот претседател Владимир Путин изјавил дека кризата со мигрантите во Европа била целосно очекувана, пренесоа агенциите.

„Сметам дека тоа е една сосема очекувана криза. Ние во Русија, а особено јас, вели дека ќе има големи размери и проблеми, ако нашите таканаречени западни партнери водат таква погрешна политика, особено надворешна политика, во регионите на муслиманскиот свет, во регионите на Блискиот Исток и Северна Африка. Тие продолжуваат да водат таква политика“, изјавил Путин пред новинарите во Владивосток.

„За каква политика станува збор? Станува збор за наметнување на сопствените стандарди, без да се земат предвид историските, религиозните, националните, културните особености на овие региони. Ова е првенствена политика на нашите американски партнери“, додал тој.

Путин изјавил дека не е изненаден од тоа што американските медиуми ја критикуваат Европа за суров однос кон мигрантите, откако САД се оние кои го предизвикале овој проблем.

„Јас со чудење гледам како некои американски средства за јавно информирање ја критикуваат Европа за вишокот според нив суровост кон мигрантите“, изјавил Путин. Тој истакнал дека САД не се толку натоварени од миграциски прилив, а Европа, која според него „слепо ги следи американските упатства“, страда многу тешко.

Слично

Поврзани вести