Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПУТИН МЕЃУ ЖИТЕЛИТЕ НА ДАГЕСТАН, СЕ ПОЗДРАВУВАШЕ И БАКНУВАШЕ! Сите шокирани од потегот: „Тоа воопшто не е тој!“ (Видео)

ПУТИН МЕЃУ ЖИТЕЛИТЕ НА ДАГЕСТАН, СЕ ПОЗДРАВУВАШЕ И БАКНУВАШЕ! Сите  шокирани од потегот: „Тоа воопшто не е тој!“ (Видео)

Путин при посетата на Дагстан, се прошета и меѓу толпа народ, а неговото однесување изненади многумина кои дури тврдат дека наводно не е тој.

Рускиот претседател Владимир Путин се појави во градот Дербент, а беше пречекан од воодушевена публика. Инаку, Дербент е најјужниот град во Русија, а воедно и трет по големина град во Руската Република Дагестан.

Како што може да се види од видеата кои кружат на социјалните мрежи, Путин се ракуваше со толпата воодушевени граѓани, од кои некои дури се фотографираа со него. Згора на тоа, едно девојче меѓу насобраните граѓани толку го израдува претседателот на Руската Федерација што тој ја бакна во чело за време на фотографирањето. Аналитичарите и голем број западни лидери рекоа дека Путин е ослабен поради бунтот од минатиот викенд во Русија и веројатно сака да покаже дека е сè уште популарен кај својот народ. Очигледно, Дагестан е едно од местата каде што рускиот претседател реши да си го потврди имиџот.


Сепак, не се сите толку сигурни дека токму Путин влетал толку невнимателно во толпата и ги гушкал луѓето. Некои корисници на Твитер веруваат дека рускиот лидер никогаш не би ризикувал близок контакт со луѓе (или од страв од напад, или од страв од вирус - да се потсетиме на неговата целосна изолација за време на пандемијата на Ковид).


Затоа, се шпекулира дека меѓу народот наводно бил и двојник на Путин, еден од неколкуте кои според непотврдени гласини ги користи рускиот претседател. Инаку, Путин освен дружење со граѓаните ја посети и тврдината Нарин-Кала во Дербент.

Во меѓувреме, дел од руските медиуми тврдат дека е уапсен генерал-полковник Сергеј Суровикин, познат и како генерал Армагедон. Суровикин командуваше со руските сили во Украина од есента минатата година до јануари оваа година, за време на која успешно ги консолидираше руските одбранбени линии, а исто така се смета за еден од луѓето кои стојат зад поставувањето на руската тактика за преземање на Бахмут. Во јануари годинава на чело на руските сили во Украина беше сменет од генерал Валериј Герасимов, инаку началник на Генералштабот на вооружените сили на Руската Федерација.

Суровикин, пак, тогаш беше назначен за еден од неговите заменици. Суровикин инаку важеше за близок до шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, кој често го издвојуваше како еден од ретките способни руски генерали, особено во споредба со Герасимов или министерот за одбрана Сергеј Шојгу. Еден од руските извори вчера за западните медиуми изјави дека во неуспешниот бунт на Вагнер, Суровикин ја избрал страната на Пригожин, поради што водечките луѓе на воената и разузнавачката заедница „го фатиле за гуша“. На прашањето каде е сега генералот, Кремљ само кратко одговори: „Ние не ги коментираме овие информации ни внатрешно“.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести