ПУТИН МАСКИРАН ОД ГЛАВА ДО ПЕТИЦИ: Вака се чува рускиот претседател од Ковид-19
Рускиот претседател Владимир Путин при посета на болните од корона
вирусот во една од болниците во Москва, беше заштитен од глава до петици. Во Русија
посебно загрижува што дури 90 отсто од заразените се помлади од 65 години,
соопштуваат од московскиот Кризен штаб против коронавирусот.
-Околу 46,4 oотсто од пациентите се луѓе на возраст од 18 до 45 години, 34 проценти е популација од 46 до 65, а само 7 проценти од пациентите кои се лекуваат од Ковид-19 се луѓе на возраст од 66 до 79 години. Најмал е процентот, само 3,3 отсто на пациентите над 80 години, се наведува во соопштението. Во земјата се потврдени скоро 81.000 заразени со корона висрусот, а само во изминатите 24 часа се регистрирани 5.714 нови случаи.
Слично
