Путин лош како Милошевиќ, ама поголем
Во текст за кризата во Украина, британскиот „Гардијан“ го споредува рускиот претседател Владимир Путин со поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ.
„Путин е Милошевиќ за поранешниот Советски Сојуз, подеднакво лош, ама поголем, а зад завесата од лаги тој сака да воспостави марионетска парадржава на истокот на Украина“, се наведува на самиот почеток на текстот.
Новинарот на Гардијан Тимоти Гартон Еш вели дека Европа е презафатена со слушувањата со Грција и заканата дека би можела да си замине од еврозоната, и поради тоа дозволува на нејзината територија да се случува „втора Босна“.
„Разбуди се Европо, ако барем нешто си научила од своето минато“, пишува Еш, додавајќи дека „Путин мора да биде сопрен“.
„Како и Милошевиќ, Путин е спремен да го искористи секој инструмент кој го има при рака, без какви било ограничувања. Во неговата војна против Западот, тој користи тешко вооружување, уцени, сајбер напади, софистицирана медиумска пропаганда, тајни операции...“, вели Еш во текстот.
Според него Путин создава параноја за која не постојат факти, а како пример ја посочува изјавата на Путин пред студенти во Санкт Петербург дека украинската војска не е украинска, туку легија на НАТО.
Слично
