Путин: Кризата во Украина не настана поради Русија
Кризата во Украина има внатрешен карактер и не настана по вина на Русија, изјави рускиот претседател Владимир Путин на седница на Советот за безбедност на Русија, пренесе агенцијата ИТАР-ТАСС, цитирана од агенциите.
"Се разбира, не можеме да ги оставиме без внимание сите случувања околу Украина, Крим и сето она што го создаде овој сложен проблем. Сакам да нагласам: оваа криза не наиде по наша вина, но ние и онака сме вовлечени во неа ", изјави Путин.
"Сакам да истакнам дека тоа е првенствено внатрешна криза на Украина. Треба да размислиме за тоа како да ги градиме односите со нашите партнери и пријатели во Украина и со другите наши партнери во Европа и САД ", им предложи Путин на учесниците на седницата.
На седницата учествуваа премиерот Дмитриј Медведев, шефот на администрацијата на Кремљ, Сергеј Иванов, претседателот на парламентот, Сергеј Наришкин, секретарот на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев, министрите за внатрешни работи Владимир Колоколцев, за надворешни работи Сергеј Лавров и за одбрана, Сергеј Шојгу, но и други официјални лица.
Истовремено, државниот секретар на САД Џон Кери предупреди дека САД и ЕУ се подготвени да преземат "многу сериозни мерки" против Москва во понеделникот, во одговор на референдумот во неделата во Крим за пристапување кон Русија.
"Ќе има одговор на референдумот и ако нема знаци за напредок кон решавањето на овој проблем, ќе има многу сериозни мерки, изјави Кери пред комисија на Сенатот на САД ден пред средбата во Лондон со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
"Се надевам дека Русите ќе дојдат во Лондон со јасна свест за фактот дека меѓународната заедница е навистина силна и единствена по ова прашање", изјави американскиот државен секретар.
Инаку на девизниот пазар руската рубља поскапува со 0,39% до 36,623 за еден долар.
Графика: Investing.com
K.K.
Графика: Investing.com
K.K.
Слично
