Путин: Крим е пресвртница во руската историја
Рускиот претседател, Владимир Путин, изјавил во своето новогодишно обраќање пред граѓаните на земјата дека враќањето „дома“ на полуостровот Крим ќе остане една од најголемите пресвртници во руската историја.
„Љубовта кон татковината е едно од најмоќните и највозвишените чуства. Таа во голема мера е исполнета со братската поддршка на жителите на Крим и Севастопол кога цврсто решија да се вратат дома. Ова случување ќе остане една од најважните пресвртници во историјата на Русија“, рекол Путин.
Како што пренесува „РИА Новости“, Путин им се заблагодарил на граѓаните на Русија за единството и подготвеноста да ги бранат интересите на својата татковина во изминатата 2014 година.
„Сега кога ги сумираме резултатите би закал искрено да ви заблагодарам за единството и солидарноста, за длабоката емотивна правда, чест, праведноста и одговорноста за судбината на својата земја, за цврстата подготвеност да ги одбраните интересите на нашата земја, да бидете заедно со неа во деновите на триумф но и во моментите на искушенија, да барате исполнување на нашите најсмели и најопфатни планови“, рекол Путин.
Шефот на руската држава истакнал дека во Новата Година „секој треба да мисли за доброто на своето семејство, да посака здравје и среќа на своите најблиски“, а истовремено „среќата и успехот на секој човек се претвора во просперитет на Русија“.
Слично
