Путин ќе се вклучи преку „Зум“ на самитот во Јужна Африка за да не го уапсат ако отпатува таму?
Властите во Јужна Африка го предупредија рускиот претседател Владимир Путин дека ако дојде кај нив, ќе мораат да го уапсат, затоа што судот во Хаг го гони за извршени воени злосторства во Украина.
Државата ќе го покани рускиот претседател да присуствува на самитот на БРИКС преку „Зум“, наместо лично, откако Меѓународниот кривичен суд издаде налог за негово апсење. Путин беше поканет на самитот на лидерите на пет држави: Бразил, Русија, Индија, Кина и домаќинот Јужна Африка, но МКС издаде налог за негово апсење. Јужна Африка е една од земјите што го потпишаа Римскиот статут кој ја обврзува да ги почитува одлуките на Меѓународниот кривичен суд. Минатата недела претседателот на Јужна Африка назначи специјален владин комитет на чело со потпретседателот на земјата, кој треба да ги проучи опциите на властите за издавање налог за апсење на Путин. Како што тврди изворот на „Сандеј тајмс“, комитетот нема да може да најде други опции, освен учеството на Путин на самитот преку видео-конференција од Москва. Во спротивно ќе мора да го уапси. Во март, Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, за незаконско депортирање на илјадници деца од Украина. Украинските власти споменуваа различни бројки, односно дека од окупираните украински територии се депортирани од 6.000 до 16.000 деца. Украинските власти бараат враќање на децата. Ја повикаа Русија да не го дава овие деца на посвојување. Европската Унија ќе се заложи за враќање на децата во Украина со помош на Полска. Германија претходно кажа дека ако Путин дојде кај нив, тие ќе го упсат, на што следуваа закани од Кремљ. И малата Ерменија се изјасни дека ако кај нив допатува Путин, властите ќе го уапсат. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари лани.
