Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин ќе се трка за уште еден мандат?

Путин ќе се трка за уште еден мандат?

Рускиот претседател, Владимир Путин ќе поднесе кандидатура за нов претседателски мандат на изборите во март 2018 година. 

„Ќе се кандидирам за местото претседател на Руската Федерација“- изјави Путин, при обраќањето пред работници во фабрика за автомобили во градот Нижњи Новогород.

Тој истакна дека не можел да најде подобро место и подобар момент за да ја соопшти кандидатурата.

Откако ја најави кандидатурата, работниците одлуката на Путин ја поздравија со бурен аплауз, изразувајќи ја својата поддршка.

„Русија ќе оди само напред и во тоа движење никој и никогаш нема да ја запре“- кажа рускиот претседател.

Путин првпат е избран за претседател на Русија во март 2000 година, а во 2004 беше реизбран. Од 2008 до 2012 година ја предводеше руската Влада, а во 2012 повторно стана претседател. 

Слично

Поврзани вести