Путин ќе се откаже од контролата врз војната затоа што ќе оди на операција
Западен медиум објави дека рускиот претседател Владимир Путин е болен од канцер.
Тој ќе биде принуден да се откаже од контролата врз војната во Украина, затоа што ќе оди на операција.
Николај Патрушев, секретар на Советот за безбедност на Русија, ќе го менува за време на неговото присилно отсуство, пренесува денеска Daily Mail. 70-годишниот Патрушев се смета за клучен „архитект“ на досегашната воена стратегија и за човек кој го убедил Путин дека Киев е прегазен од неонацисти.
Наводно, Путин ја одложил операцијата за периодот по манифестацијата на Денот на победата што се одржува на Црвениот плоштад на 9 мај.
Инаку, Путин потпиша закон за суспензија на поедноставеното издавање визи за граѓаните на повеќето европски земји.
