Путин ќе се одмазди на сите кои се мешаат за Украина
Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека Русија брзо ќе им се одмазди на сите земји кои ќе се обидат да се вмешаат во конфликтот.
Toj кажа дека сите цели на „специјалната воена операција“ (како што официјална Москва ја нарекува инвазијата на Украинa) ќе бидат остварени. Путин додаде дека специјалната воена операција ја гарантира безбедноста на жителите на Донбас и на Крим. Тој, исто така, испрати предупредување до западните земји, велејќи дека западните планови за економско уништување на Русија пропаднале.
Украина пак објави дека ги нападнала Русите на Змискиот остров. Русија пред два месеци ја почна инвазијата на Украина.
Слично
