Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин ќе распореди ракети во Белорусија

Путин ќе распореди ракети во Белорусија

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека земјата почнала со производство на најнови хиперсонични ракети и планира да ги распореди во Белорусија подоцна оваа година.

Седејќи до белорускиот претседател Александар Лукашенко во Валамскиот архипелаг на езерото Лагода во Русија, Путин кажа дека армијата во Белорусија веќе избрала локации за распоредување на балистичката ракета со среден дострел Орешник.

„Подготвителната работа е во тек и најверојатно ќе ја завршиме пред крајот на годината“, рече Путин, додавајќи дека првата серија Орешници и нивните системи се произведени и влегле во воена употреба.

Русија првпат ја употреби ракетата Орешник, што на руски значи „лешник“, против Украина во ноември, кога испали експериментално оружје во фабрика во Дњепар која произведуваше ракети кога Украина беше дел од Советскиот Сојуз.

Инаку, американскиот претседател Доналд Трамп даде рок до 8 август, Русија да ги прекине воените дејствија во Украина, инаку ќе следат нови санкции. 

фото: EPA-EFE/MIKHAIL KLIMENTYEV

Слично

Поврзани вести