ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПУТИН ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА СЕ БОРИ ВО УКРАИНА: Не му е грижа за пораката од Трамп?

ПУТИН ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА СЕ БОРИ ВО УКРАИНА: Не му е грижа за пораката од Трамп?

Рускиот претседател Владимир Путин ќе продолжи да се бори во Украина и покрај заканите на американскиот колега Доналд Трамп за построги санкции и дополнително оружје за Киев, изјавија извори блиски до Кремљ.

Путин верува дека неговата економија е доволно силна за да го издржи притисокот од „строгите“ царини што Трамп се закани дека ќе ги наметне.

„Путин мисли дека никој сериозно не се ангажирал со него за деталите за мир во Украина – вклучително и Американците – па затоа ќе продолжи сè додека не го добие она што го сака“, изјави еден од изворите за Ројтерс.

Данска и Шведска изразија подготвеност да помогнат во испораката на американско оружје во Украина преку НАТО.

Трамп вчера изјави дека системи за ракетна одбрана „Патриот“ ќе бидат испратени во Украина и дека Европската Унија ќе плати за нив.

Американскиот претседател е разочаран од рускиот колега, затоа што не сака мир.

ad
Слично

Поврзани вести