Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин ќе ја намалува сиромаштијата, но има и друг план

Путин ќе ја намалува сиромаштијата, но има и друг план

Русија не може и нема да се развива во изолација од светот, вели рускиот претседател Владимир Путин. 

Кажа дека земјата мора да се фокусира на развивање на сопствена технологија и поддршка на брзорастечките компании.

„Во денешниот свет е невозможно да се опкружи се и да се подигне огромна ограда, тоа е едноставно невозможно“, рече Путин, пренесе ТАСС.

Тој посочи дека антируските санкции претставуваат огромен предизвик за земјата, но дека Русија нема да се откаже, туку уште поинтензивно ќе се развива користејќи го постоечкиот потенцијал. Кажа дека намалувањето на сиромаштијата во Русија останува една од главните цели на националните проекти. Русија на 24 февруари ја почна војната во Украина и оттогаш е предмет на серија санкции. Западот со санкциите сака да придонесе за побрзо ставање крај на војната. 

Слично

Поврзани вести