Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПУТИН ЌЕ ГО СПРЕЧЕШЕ: Кој настан за него е најголемата геополитичка катастрофа на векот?

ПУТИН ЌЕ ГО СПРЕЧЕШЕ: Кој настан за него е најголемата геополитичка катастрофа на векот?

Рускиот претседател, Владимир Путин изјави дека кога би можел да го врати времето, би го спречил распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.

Путин  ова го спомна одговарајќи на прашањето кој настан во Русија би го спречил кога би можел.

„Распадот на Советскиот Сојуз“- рече тој,  пренесуваат руските медиуми.

Коментарот на Путин следи еден ден откако најави дека Русија развива наводно непобедливо нуклеарно оружје.

Путин во интервју за телевизијата ЕнБиСи изјави дека неговата земја ќе користи нуклеарно оружје само во вонредни околности.

Рускиот претседател во 2005 година во говорот за состојбата на нацијата распадот на СССР го нарече „најголемата геополитичка катастрофа на векот“.

Слично

Поврзани вести