Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин ќе го „спасува“ избрканиот директор на ФБИ ако Трамп му суди

Путин ќе го „спасува“ избрканиот директор на ФБИ ако Трамп му суди

Рускиот претседател Владимир Путин на маратонското ТВ интервју одговори и на прашања поврзани со истрагата во САД според која наводно Русија правела обиди да се меша во американските избори, особено со кампањата на Доналд Трамп чии официјални лица имале средби со руски функционери. 

Овие тврдења добија на тежина откако пред Сенатот сведочеше екс директорот на ФБИ кој беше отпуштен од Трамп токму поради тоа што водел истрага дали за тврдењата има докази, а од него било побарано повеќе да не го истражува генералот Мајкл Флин кој беше советник на американскиот претседател за национална безбедност.

Коми се стави во ранлива позиција со сведочењето за разговорите кои ги имал со претседателот Трамп што на некој начин наликува на свиркачот Едвард Сноуден, тој повеќе наликува на политички активист отколку поранешен директор на ФБИ. Dоколку САД го суди, Русија може да му даде азил, шеговито кажа Путин.

Путин исто така ги негираше обвинувањата дека официјална Москва се мешала во американските избори преку руските хакери и посочи дека токму САД влијаат врз политиката на сите држави и изборот на нивните влади, но тоа никој не сака отворено да го признае.

Слично

Поврзани вести