ПУТИН ЌЕ ФРЛИ ХЕМИСКО ОРЖЈЕ НА РУСИТЕ-МОЖНИ ЛАЖНИ НАПАДИ ЗА ДА ЈА ОПРАВДА ИНВАЗИЈАТА: Обвинувања директно од Белата куќа
Соединетите
Американски Држави предупредија дека Владимир Путин би можел да изврши напад со
хемиско оружје врз сопствениот народ за да ја оправда инвазијата врз Украина,
откако Русија го протера заменик-амбасадорот на САД и побара од Вашингтон да ги
повлече сите свои војници од Централна и Источна Европа, пишува Дејли мејл.
Државниот секретар Ентони Блинкен во своето обраќање пред Советот за безбедност на Обединетите нации, даде целосна слика за тоа што Вашингтон знае за плановите на Русија и побара Русија веднаш да започне со повлекување на војниците од границите на Украина.
„Тоа може да биде измислен таканаречен терористички бомбашки напад во Русија, фабрикувано откритие на масовна гробница, исцениран напад со беспилотни летала врз цивили или лажен, дури и вистински, напад со хемиско оружје“, пишува Дејли Меил.
Борис Џонсон, исто така, ја обвини Русија дека организира операција „лажно знаме“ на истокот на Украина со минофрлачи во градинка за да му даде лажен изговор на Путин за инвазијата на земјата. Сликата на украинската граница ќе продолжи да биде „многу мрачна“.
Во меѓувреме, сателитски снимки открија дека е изграден нов понтонски мост преку реката Припјат во Белорусија, во близина на Чернобил и на околу 130 километри северно од Киев. Се стравува дека мостот, кој се појавил во близина на областа каде што се стационирани руски тенкови, може да се искористи за напад на главниот град.
