Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин ќе ја пречека Новата Година „дома“, Медведев заминува на скијање

Путин ќе ја пречека Новата Година „дома“, Медведев заминува на скијање

Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја пречека новата 2016 година „дома, со роднини и блиски пријатели, по традиција“. Ова го соопшти прес секретарот на претседателот Дмитриј Песков, пренесоа агенциите.

Портпаролот на Кремљ не прецизирал дали станува збор за резиденцијата на Путин во Ново Огарово крај Москва или за некое друго место. „Каде точно дома - тоа не можам да ви кажам“, признал тој.

Повеќето министри од Владата на Русија исто така ќе ја поминат новогодишната ноќ во семеен круг. Рускиот премиер Дмитриј Медведев сепак заминува за Нова Година на планинското ски одморалиште во Сочи и веднаш по празникот ќе свика таму советување за развојот на туризмот во земјата.

Слично

Поврзани вести