Путин ќе го почитува мирот во Сирија, но ќе продолжи со напади
Договорот за прекин на огнот во Сирија очекува да биде почитуван од сите кои учествуваат во него, но не планира Русија да ги прекине воздушните напади во земјата.
Рускиот претседател Владимир Путин дефинитивно ја продолжува битката против терористичката организација Исламска држава и најавува нови бомбардирања на нејзините позиции во Сирија.
„Сакам да нагласам дека ИСИС и сите други терористички групи нема да бидат вклучени во споразумот за примирје.Борбата против нив дефинитивно продолжува.” – изјави Путин.
Рускиот лидер смета дека мировниот процес во Сирија ќе биде тежок и комплициран, но вели дека нема алтернатива.
Инаку, на 22 февруари во заедничка изјава Русија и САД најавија прекин на воените дејствија во Сирија.
Целта беше да се даде поттик на решавање на сирискиот конфликт, како и создавање на услови за започнување на неговото решавање со политички средства.
