Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин кажал кога ќе ја прекине војната

Путин кажал кога ќе ја прекине војната

Нападот ќе заврши кога ќе се исполнат барањата на Москва, рекол рускиот претседател Владимир Путин. 

Тој ова го кажал во телефонски разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека Русија ќе ја прекине својата „воена операција“ само ако Украина престане да се бори и ако се исполнат барањата на Москва, соопшти Кремљ, пренесува Би-Би-Си.

Русија инсистира на тоа дека нејзината инвазија на Украина по копно, воздух и море е специјална воена операција. 

Кабинетот на Ердоган соопшти дека турскиот лидер апелирал за итен генерален прекин на огнот.

Членот на украинската делегација Дејвид Арахами вчера најави дека во понеделник ќе се одржи третата рунда преговори меѓу Украина и Русија.

Утрово имало силно гранатирање на запад и северозапад од Киев. Загинаа цивили, меѓу кои имало и деца. 

Путин демилитаризација и денацификација на Украина. 

Слично

Поврзани вести