Путин кажа кога ќе има преговори со Украина
Украина веројатно ќе почне мировни преговори дури откако ќе ѝ снема ресурси и ќе го искористи секој потенцијален прекин на непријателствата за повторно да се вооружи со западна помош, вели рускиот претседател Владимир Путин.
Тој кажа дека украинската контраофанзива против руските сили досега не успеала и дека украинската страна трпи тешки загуби.
„Имам впечаток дека сакаат да гризнат повеќе од што можат и тогаш, кога нивните ресурси ќе бидат блиску до нула, ќе бараат прекин на непријателствата и ќе почнат преговори за да ги обноват своите ресурси и да ја обноват борбената готовност“, кажа Путин.
Рускиот претседател вели дека Русија тешко може да престане да се бори кога се соочува со украинска противофанзива. За да постои каква било шанса за разговори, Путин рече дека Украина треба прво да ја поништи својата самонаметната законска забрана за мировни преговори и да објасни што сака.
Украинците тврдат дека успешно ја повратиле контролата врз четири платформи за дупчење гас и нафта во северниот дел на Црното Море, во близина на полуостровот Крим. Русија ја почна инвазијата на Украина на 24 февруари.
foto EPA
