Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин ја стави економијата над безбедноста

Путин ја стави економијата над безбедноста

Решавањето на проблемите поврзани со економијата и социјалната сфера на Русија, имаат поголемо значење од прашањата на безбедноста и меѓународните односи.

Ова денеска го изјави претседателот Владимир Путин во говорот на седница на Државната дума.

„Се е важно - и безбедноста, и меѓународните односи, но нема ништо поважно од економијата и социјалната сфера. Многу внимателно треба да ги следиме и да имаме сценарија за развој на руската економија во секакви варијанти“ - изјави Путин.

Пред неколку дена, пак - за време на економскиот форум во Санкт Петерсбург, Владимир Путин ги повика европските лидери да ги подобрат односите со неговата земја и покрај санкциите што ЕУ го продолжи. Европската унија би требало да покаже флексибилност и да ги земе предвид интересите на европските инвеститори кои сакаат да прават бизнис со Русија, рече тогаш шефот на државата.

Економијата на Русија, според прогнозата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) наредната година ќе премине од рецесија на пораст. БДП-то на крајот на годината ќе се зголеми за 1%.

Зајакнувањето на руската економија ќе биде поддржано од обновувањето на цените на нафтата, порастот на приватната потрошувачка и инвестициите.

Според податоците на банката, во 2016 година рецесијата во руската економија ќе се задржи поради ниските цени на нафтата и намалувањето на достапните инвестиции.

Слично

Поврзани вести