Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПУТИН ЈА СМЕНИ ОД ПОЗИЦИЈАТА, А НЕ КАЖА ЗОШТО - Поклонскаја рече дека не сака бомби врз Киев и тага и трагедија од војната

ПУТИН ЈА СМЕНИ ОД ПОЗИЦИЈАТА, А НЕ КАЖА ЗОШТО - Поклонскаја рече дека не сака бомби врз Киев и тага и трагедија од војната

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска ја смени заменичката на руската Агенција за соработка со дијаспората (Росотрудничество), Наталија Поклонскаја, која претходно остро го критикуваше рускиот напад врз Украина. 

Во указот Путин не ја навел причината за смената на Поклонскаја, која на таа функција беше назначена на 2 февруари.

Меѓу оние кои не ја поддржаа руската агресија врз Украина беше Поклонскаја, која рече дека не сака да паѓаат бомби врз Киев или кој било друг украински град и рече дека буквата З што ја користи војската симболизира „тага и трагедија“.

Извор: Нова.рс

Фото: EPA/ROMAN PILIPEY

Слично

Поврзани вести