Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин ја предупреди Европа: Ситуацијата со украинскиот долг за гасот е критична!

Путин ја предупреди Европа: Ситуацијата со украинскиот долг за гасот е критична!
Рускиот претседател Владимир Путин со писмо ги информирал европските лидери дека ситуацијата со долговите на Украина за рускиот гас станува „критична“ и оти може да го загрози и транзитот на гасот од Русија кон европските земји. Писмото Путин го испратил до лидерите на сите европски земји што купуваат руски гас и во него е содржан детален опис на критичната ситуација што се создава заради зголемените и неисплатени долгови на Украина. Претходно, на специјална седница на руската Влада, министрите поднесоа извештај пред Путин за ситуацијата во соработката со Украина во сите области, вклучувајќи ја и енергетската сфера.  
Слично

Поврзани вести