Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин ја повика Украина во економска интеграција со Русија

Путин ја повика Украина во економска интеграција со Русија
Рускиот претседател, Владимир Путин, беше во дводневна посета на Украина, по повод 1025-годишницата од воведување на христијанството во Киевска Русија, прва источнословенска држава која се појавила во 9. век на територијата на денешна Украина, Белорусија и Русија. „Cите ние сме духовни наследници на она што се случило тука пред 1025 години. Во таа смисла сме и единствен народ“ - рече Путин. Верската свеченост, на која присуствуваа и српскиот и молдавскиот претседател, Томислав Николиќ и Николај Тимофти, е организирана пред самитот во Вилнус во декември, на кој може да биде потпишан меморандум за партнерство и соработка помеѓу Украина и ЕУ. „Ќе го почитуваме секој избор на украинскиот народ, кога станува збор за интеграцијата во постсоветската структура, каде доминира Москва“ - посочи Путин, нагласувајќи дека економиите на двете земји заедно би биле поконкурентни. Русија веќе со години ја повикува Украина, наместо кон Западот, да се сврти кон Истокот и да се приклучи кон царинската унија која сега ја сочинуваат Русија, Казахстан и Белорусија.  
Слично

Поврзани вести