ПУТИН ЈА ПОВИКА УКРАИНА НА ПРЕГОВОРИ: Тврди дека состојбата на терен е во корист на Русија
Русите велат дека состојбата во Украина се менува во нивна корист.
Рускиот претседател Владимир Путин вели дека состојбата се менува „драматично“ во полза на неговата земја.
„Русија е на пат да ги оствари своите главни цели“, изјави Путин на годишната прес-конференција во Москва.
Истовремено, тој на Украина ѝ понуди преговори.
„Отсекогаш велевме дека сме подготвени да преговараме и да направиме компромиси, но другата страна одби да преговара, и буквално и преносно. Наскоро нема да има повеќе Украинци кои ќе сакаат да се борат“, рече тој.
Сепак, Русија не планира да се откаже од окупираните украински територии, а Украина не сака да се откаже од истите.
Слично
