Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПУТИН ЈА ОБВИНИ УКРАИНА ЗА ТЕРОРИЗАМ ЗА МОСТОТ НА КРИМ: „Авторите, сторителите и спонзорите се украинските тајни служби“

ПУТИН ЈА ОБВИНИ УКРАИНА ЗА ТЕРОРИЗАМ ЗА МОСТОТ НА КРИМ: „Авторите, сторителите и спонзорите се украинските тајни служби“

Рускиот претседател Владимир Путин ја обвини Украина за напад на мостот кон Крим, полуостровот кој е анексиран од Русија, велејќи дека тоа е „терористички чин“, објави BBC.

Претседателот Путин рече дека украинските разузнавачки сили имале за цел да уништат критично важен дел од цивилната инфраструктура на Русија.

Тој вечерва разговарал на средба со шефот на Истражниот комитет на Русија, Александар Бастрикин.

Официјални лица велат дека три лица загинале во експлозијата на мостот.

Жртвите биле во автомобил во близина кога камион се разнел, велат руските власти.

„Авторите, сторителите и спонзорите се украинските тајни служби“, рече Путин.

„Нема сомнеж дека ова е терористички чин чија цел е уништување на критичната руска цивилна инфраструктура.

Железничкиот и патниот премин беше отворен во 2018 година и е клучна рута за снабдување за руската инвазија на Украина.

Истовремено, како што наведува BBC, Бастрикин го информирал Путин дека украинските тајни служби имале помош од руски граѓани, како и од некои странски држави кои помогнале во подготовките за нападот.

ФОТО: EPA

Слично

Поврзани вести