Путин ја надокнадува штетата: Данок на горивото поголем за 8%
Рускиот парламент го усвои предлогот за зголемување на данокот на горивото, што е мерка која неодамна ја усвоиле неколку земји произведувачи на нафта.
Тоа е усвоено како компензација за загубите поради падот на цените на нафтата на светските пазари.
Додека Алжир, Саудиска Арабија и Венецуела последните недели значајно ја зголемија цената на горивата, Русија денес одлучила да ја зголеми цената на горивата за седум до осум одсто, односно помала од самите инфлации во таа земја, изјавил помошникот на рускиот министер за финансии Јуриј Зубарев.
Литар бензин во Русија моментално се продава за околу 35 рубљи, околу 40 центи евро според сегашнот курс.
Текстот за зголемување на данок на горивото го усвоиле двата дома на рускиот парламент. Рускиот претседател Владимир Путин треба да го потпише текстот пред стапување на сила, предвиден на 1 април.
Зубарев рекол дека државата очекува дека со таа мерка ќе добијат повеќе од 75 милијарди рубљи (925 милиони евра) оваа година.
Русија оваа година планира буџетски дефицит од три одсто, а владата трошоците ги скратила за 10 одсто според плановите за буџетот кој е направен врз основа на проекциите дека нафтата ќе вреди 50 долари.
