Путин издаде наредба – јавните службеници на одмор на Крим
Рускиот претседател Владимир Путин изрази желба ова лето руските функционери масовно да летуваат на Крим.
Според пишувањата на германски Фокус, во таа насока директорот на туристичката служба на русија испратил препорака до сите јавни установи и претпријатија.
Руските власти, на овој начин се обидуваат да спречат колапс на туристичкиот сектор на поранешниот украински полуостров, па токму поради тоа Путин ги охрабрува вработените во јавните претпријатија во што поголем број да резервираат на црно морското крајбрежје.
Досега, од вкупно 8те милиони туристи кои летува на Крим 75% беа од Украина, но по анексијата тие го избегнуваат.
Според пишувањата на германскиот весник, Гаспром и Роснефт веќе издвоиле средства за своите запослени да ги испратат на летување на Крим.
Слично
