Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПУТИН ИЗДАДЕ НАРЕДБА-БРИТАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ Е УВЕРЕНО: Русите поставиле ракети со долг дострел за да го освојат Киев

ПУТИН ИЗДАДЕ НАРЕДБА-БРИТАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ Е УВЕРЕНО: Русите поставиле ракети со долг дострел за да го освојат Киев

Извор на Сандеј Тајмс тврди дека се очекува силен напад врз украинскиот главен град Киев и дека Русите поставиле ракети со долг дострел за да го освојат главниот град.

Шефовите на британското разузнавање велат дека се согласуваат со извештаите на Белата куќа и потврдуваат дека, според нивните информации, рускиот претседател Владимир Путин веќе издал наредба за започнување на плановите за преземање контрола врз Украина.

Според Сандеј тајмс, четворица високи владини претставници потврдиле дека очекуваат повеќекратен руски напад да започне во следните неколку дена и дека нападот треба да кулминира со молскавичен напад врз главниот град Киев.

- Нашите податоци се во согласност со американските. Путин има план и тој план е во тек - изјавил извор за весникот.

Изворите велат дека очекуваат Путин да употреби лажна тревога и судири со украинските единици во источниот регион на Донбас и дека нападот на сепаратистичките сили ќе започне пред руските сили да извршат целосна инвазија на Украина.


Слично

Поврзани вести