Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин има ултиматум за Украинците, инаку војната нема да заврши

Путин има ултиматум за Украинците, инаку војната нема да заврши

Според рускиот претседател Владимир Путин, ако украинските сили не се повлечат доброволно од териториите што ги држат, Русија ќе ја постигне таа цел со воени средства.

Тој изјави дека нацрт-планот за мир што го дискутираат САД и Украина може да биде основа за идни договори. Претставници на САД се очекуваат во Москва во првата половина од следната недела на разговори за ставање крај на војната во Украина.

Путин исто така истакна дека украинското раководство го смета за нелегитимно и правно неспособно да потпише договор, поради што инсистира меѓународната заедница да го признае секој договор, вклучително и руските територијални придобивки.

„На Русија сè уште ѝ се вели да престане да се бори. Украинските сили мора да се повлечат од територијата што ја држат и тогаш борбите ќе престанат. Ако не заминат, тогаш ќе го постигнеме тоа со воени средства. Тоа е тоа“, рече Путин.

САД понуди план од 28 точки, но потоа со украинската делегација, тој план е намален на 19 точки. 

Руската инвазија на Украина почна пред скоро четири години. Русија бараше денацификација, демилитаризација на Украина и признавање на независноста на Доњецк и Луганск. Потоа кажаа дека целта е ослободување на Донбас. 

foto Kremlin

Слично

Поврзани вести