Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПУТИН ИМА ТРОЈНА ЗАМКА ПРОТИВ ЗАПАДОТ: Германски Фокус анализира кои се адутите на Русија

ПУТИН ИМА ТРОЈНА ЗАМКА ПРОТИВ ЗАПАДОТ: Германски Фокус анализира кои се адутите на Русија

Русија има три важни адути кои и овозможуваат компетентно да гради политичка интеракција со Запад во сенка на кризата во Украина, пишува германскиот аналитичар, Улрих Рајц во Fokus.de

- Русија има три лоста кои ја ставаат во тактички поволна позиција. Тоа се партнерите, гас и мировните преговори. Западот падна во тројна замка, дури и ако тоа не му се допаѓа, пишува авторот.

Рајц смета дека обидот на Западот дипломатски да ја изолира Русија е неуспешен. Тој како пример го наведува неодамнешниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Г20, каде што многу земји одбија да ја критикуваат Москва за ситуацијата во Украина.

Во написот се наведува и дека Западот не можел економски да ја изолира Русија, бидејќи и самиот е исклучително зависен од нејзините енергетски ресурси. Авторот го потврдува ова повикувајќи се на стравувањата на германската влада дека затворањето на гасоводот Северен тек заради одржување, наводно, може да се одложи на неодредено време.

Истовремено, Улрих Рајц оценува дека подготвеноста на Москва да преговара за Украина, која ја најави Путин, испраќа важен сигнал до оние кои се за укинување на санкциите во Европа, бидејќи, како што рече рускиот претседател, колку подолго се одолговлекува конфликтот, ќе биде потешко да се постигне договор.


Слично

Поврзани вести