Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПУТИН ИМА РОК ДО ПОНЕДЕЛНИК: Tреба да се изјасни дали ќе се сретне со Зеленски

ПУТИН ИМА РОК ДО ПОНЕДЕЛНИК: Tреба да се изјасни дали ќе се сретне со Зеленски

Сојузниците на Украина се согласиле да почекаат до понеделник за да видат дали рускиот претседател Владимир Путин ќе покаже подготвеност за билатерална средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, јави Ројтерс.

„Ни треба архитектура што ќе им биде јасна на сите“, рече Зеленски.

Украинскиот лидер, денеска, 29 август, потсети на претходна изјава на американскиот колега Доналд Трамп дека ќе му даде на Путин една или две недели да се договори за билатерална средба со украинскиот лидер пред потенцијално да објави нови мерки против Русија.

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, од друга страна, денеска изјави дека Путин е спремен за средба со Трамп, но дека средбата мора да биде добро подготвена.

Инаку, вчера во руски напад на Киев загинаа 23 луѓе. Руската инвазија  на Украина почна на 24 февруари во 2022 година. 

фото Фејсбук/Володимир Зеленски

Слично

Поврзани вести