ПУТИН ИМА ПОСТРАШНО ОРУЖЈЕ ОД НУКЛЕАРКА! За среќа не го користи, но се закани!
Рускиот претседател Владимир Путин даде изјава за руската телевизија за време на ноќната турнеја низ Мариупол и објави дека Москва не користи хиперсонично оружје во војната во Украина, но сигурно го има. Со тие зборови тој изрази закана дека „Тогаш (во 2014 година) немавме хиперсонично оружје, но сега ги имаме. Да, всушност не ги користиме, но тие постојат“, рече Путин.
Путин нагласи и дека Русија во моментов има други модерни системи, но дека во 2014 година немало такви. На прашањето на водителот дали сака да ја започне „специјалната воена операција“ уште во 2014 година, Путин изјави дека во меѓувреме многу работи се промениле.
„Што би се случило во 2014 година? Многу е тешко да се каже. На крајот на краиштата, имаме уште многу да направиме. На пример, за развојот на копнените сили. Тогаш немавме хиперсонично оружје, но сега ги имаме. Вистина е, ние не ги користиме, но ги има.Исто така, има и други модерни системи, но во 2014 година немаше ништо такво“, рече Путин.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу уште во 2019 година го информирал Путин дека новото суперсонично оружје со интерконтинентален дострел е оперативно по неколкугодишно тестирање, објави тогаш „Асошиејтед прес“. Според рускиот министер, тогаш првата единица опремена со суперсоничен Авангард влегла во борбена служба.
Се вели дека рускиот ракетен систем Авангард е способен да истрелува проектили кои летаат побрзо од брзината на звукот и Путин го нарече „недопирлив“ во споредба со другите ракетни системи. Во изјава за руските медиуми во 2020 година, Путин се пофали дека земјата што ја води е единствената во светот која поседува хиперсонично оружје. Тогаш кинеската агенција „Сина“ процени дека Русите создале ракета која има поголема разорна моќ од ракетните бомби.
