Путин има ново оружје, а не се ни ракети ниту пак нафта
Властите во Русија планираат активно да го развијат неенергетскиот сектор, кој за само три месеци пораснал за 19 отсто во споредба со истиот период лани.
Иако главна тема на овогодишниот Меѓународен економски форум во Санкт Петербург ќе биде преминот од конвенционални енергенти на алтернативна изворна енергија, многу внимание ќе биде посветено токму на несировинскиот извоз, односно иновативни сектори, и нивен развој.
Нема зборови ни за каква случајност, бидејќи, во Русија од јуни стартува програмот за поддршка на извозниците на несировиснки производи и услуги под името „Мејд ин Раша“.
Имено, властите планираат активно да го развиваат неенергетскиот сектор, кој за само три месеци оваа година пораснал за 19 отсто во споредба со лани.
Според податоци на Руски извозен центар, се работи за производство на земјоделски машини, авио-индустрија, градежништво, но и ИТ сектор, бидејќи токму таа гранка го сочинува економскиот најголем раст на рускиот несировински извоз во 2016 година.
Според планот, производите под името „Мејд ин Раша“ ќе бидат наменети пред се за земјите на Заедницата независни држави и Блискиот исток, но и Азија. Посебно внимание властите ќе посветат на пласирање на тие производи на пазарот во Кина, Индија, Иран, а делумно и во Германија, Велика Британија и САД.
