Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПУТИН ИМА НАРУШЕНО ЗДРАВЈЕ-ГО ПОСЕТИЛЕ ОНКОЛОЗИ НАЈМАЛКУ 35 ПАТИ? Се појави видео кое поттикна вакви гласини

ПУТИН ИМА НАРУШЕНО ЗДРАВЈЕ-ГО ПОСЕТИЛЕ ОНКОЛОЗИ НАЈМАЛКУ 35 ПАТИ? Се појави видео кое поттикна вакви гласини

Во редок заеднички настап во живо, шефот на Кремљ, Владимир Путин беше снимен како разговара со министерот за одбрана Сергеј Шојгу кој го информирал  дека неговите воени сили „конечно го ослободиле“ украинскиот пристанишен град Мариупол.

Сепак, начинот на кој седи Путин покрена дополнителни прашања за неговото здравје, кое според некои набљудувачи нагло се влошило по почетокот на војната на 24 февруари.

За време на средбата, рускиот претседател бил стуткан на столицата и цврсто го држел аголот од масата

По одлуката за инвазија на Украина, се зголемија шпекулациите за здравјето на Путин.

Некои сугерираат дека лицето и вратот му се екстремно отечени, па се шпекулира дека можеби е на третман со стероиди, а се појавија информации дека лекари-онколози го посетиле најмалку 35 пати.

Други го припишуваат полошиот изглед на Путин на неговите воени неуспеси во Украина, бидејќи тој не успеа да го освои главниот град Киев за неколку дена, како што се очекуваше.


Слично

Поврзани вести